Му пријде на семејство кое што седело на масата, се качи на неа и им ја изеде храната.
На видеото се гледа како животното јаде енчилада и тако на масата, на само неколку сантиметри од неколку луѓе кои се смрзнале и седат мирни за да не ја вознемират мечката и да ја поттикнат на напад. Во еден момент, мечката многу се приближува до жената, која со рацете го покрила лицето на детето.
Видеото објавено на социјалните мрежи веднаш стана вирално и собра повеќе од 10 милиони прегледи на TikTok. Веб-страницата на паркот предупредува дека сѐ почести се блиските средби со мечки. Посетителите се предупредуваат дека во парковите, населбите и улиците во областа околу градот Монтереј сè почесто се гледаат мечки, а ризикот за луѓето, но и за мечките се зголемува.
Паркот објави и низа препораки, во кои детално се наведува што да прават гостите, а што да не прават ако наидат на мечка. Една од препораките вели дека „никогаш не треба да се обидувате да фотографирате мечка одблиску“.