МАСК: Подгответе се за ЧИПУВАЊЕ МОЗОЦИ! Добив дозвола изумот да го вградувам во луѓе! Ова се првите кандидати

21.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАСК: Подгответе се за ЧИПУВАЊЕ МОЗОЦИ! Добив дозвола изумот да го вградувам во луѓе! Ова се првите кандидати

Компанијата Неуралинк, во сопственост на милијардерот Илон Маск, објави дека добила одобрение од независно тело да започне со регрутирање пациенти за првите експерименти со вградување чипови во мозокот, пишува Гардијан.

Компанијата соопшти дека бара луѓе со парализа за да го тестираат уредот во следните шест години.

Čipovanje Ljudi

 

Неуралинк е една од неколкуте компании кои работат на развивање на врска меѓу мозокот и компјутер што ќе овозможи собирање и анализа на мозочните сигнали.

Сепак, бомбастичната промоција што ја спроведе милијардерот вклучува ветувања дека оваа врска меѓу мозокот и компјутер ќе им помогне на луѓето во трката со вештачката интелигенција, па наидува на скептицизам. Освен тоа, тие најави доведоа до покренување на многу етички прашања за неговата работа од страна на невронаучниците и други експерти.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) минатата година го отфрли барањето на Неуралинк да започне тестирање на чипот на луѓе, но во мај и беше дозволено да започне клинички студии.

 

Ilon Mask

 

Неуралинк соопшти дека бара пациенти со квадриплегија поради повреда на ‘рбетниот мозок или амиотрофична латерална склероза.

 

Čipovanje Ljudi

 

Тестовите кои оваа компанија ги правела врз животни биле жестоко критикувани, а поранешните вработени тврделе дека животните биле мачени, пишува Ројтерс.

Тврдењата покренаа неколку истраги. Доколку уредот се прогласи за безбеден за луѓето, пишува Гардијан, ќе бидат потребни децении пред да може да се даде на пациенти надвор од оваа клиничка студија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата