Извршниот директор на Мета и основач на Фејсбук моментално располага со богатство вредно 225 милијарди долари, со што го надмина Безос, чие богатство се проценува на 223 милијарди долари. Двајцата сè уште заостануваат зад шефот на Тесла, Илон Маск, кој е убедливо прв со нето вредност од 370 милијарди долари, според денешните податоци.
Можеби ќе ве интересира: Милијардерот Марк Цукерберг „фатен“ како гледа во деколтето на свршеницата на Џеф Безос
Богатството на Цукерберг пораснало за 17,3 милијарди долари од почетокот на годината, додека Маск, Безос и основачот на Оракл, Лари Елисон, во истиот период забележале загуби.
Поголемиот дел од имотот на Цукерберг доаѓа од неговиот личен удел во компанијата Мета. Тој поседува околу 13% од акциите, чија вредност од почетокот на годината пораснала за речиси 9%, а вчера тргувањето заврши со цена од 635,50 долари по акција, пишува „Телеграф“.
Можеби ќе ве интересира: Цукерберг го пофали својот соперник Маск
„Блумберговиот индекс на милијардери“ секојдневно ги рангира најбогатите луѓе на светот. Деталите за начинот на пресметка се достапни во анализата на имотот на профилите на секој милијардер на веб-страницата на Блумберг.
Податоците се ажурираат на крајот од секој трговски ден на њујоршката берза.