Популарниот Шуми кој живее далеку од очите на јавноста откако пред 12 години на скијање на Француските Алпи доби тешка повреда на главата, според медиумите деновиве ја напуштил својата вила на Мајорка и одлета во Швајцарија за прва пат да ја види својата внука.
Оваа сензационална вест ја пренесе британскиот весник „The Dream“.
Ќерката на Михаел, Џина Марија, се омажи минатата година, а на крајот на март го роди девојчето Мили.
Според пишувањата на медиумите, Шумахер ја напуштил својата вила во која се лекува и отпатувал со хеликоптер за првпат да ја види својата внука.
Михаел Шумахер не е виден во јавноста од 29 декември 2013 година, кога се здоби со сериозна повреда на главата додека скијаше на француските Алпи. Оттогаш неговиот живот е тајна и никој надвор од неговото семејство и тесен круг на луѓе не ја знае неговата здравствена состојба.
Единствено се знае дека живее на својот имот на Мајорка, каде е под постојана медицинска нега, пренесува Курир.
Шумахер, според пишувањата на медиумите, отпатувал во својата семејна куќа на Женевското езеро, каде ги видел ќерката и внуката.
Дополнителни детали за неговиот престој во Швајцарија се уште не се познати, но доколку оваа вест е вистинита, таа е многу охрабрувачка во однос на здравјето на седумкратниот светски шампион во Формула 1.