Кумановци трчаа на хуманитарната трка за девојчињата Ана и Теодосија

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кумановци трчаа на хуманитарната трка за девојчињата Ана и Теодосија

 Трката ја организираше Советот на општината, кој едногласно одлучи дека треба да им се помогне на девојчињата кои се на лекување во странство. Трката имаше ревијален карактер и се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“.

-Првпат организиравме ваква хуманитарна трка. Советници од сите политички партии учествува, но трчаа и спортисти, деца што ми е особено драго зашто од најрана возраст треба да се учи на хуманост, граѓани, граѓански организации. Покажавме заедништво и хуманост. Кумановци се познати по хуманост, солидарност, сме докажале преку донации и за други држави кои се соочиле со непогоди. Но, ова е прва трка за малите девојчиња, наши сограѓанки, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

За двете девојчиња донираше и бизнис заедницата, работници, ученици. Кутии за донации се оставени во повеќе деловни објекти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата