Еден златен ретривер се нашол на вистинското место во моментот кога детето се обидувало да ја допре водата во базенот. Родителите на малечкото, сфаќајќи дека тоа е сигурно, одлучиле да ја снимат реакцијата на кучето.
Несреќите во базените се една од водечките причини за смрт кај децата, еден момент на невнимание е доволен да се случи трагедија. Стручните лица постојано предупредуваат дека децата не треба да се оставаат без надзор во близина на вода, дури ни секунда. За жал, многу родители не се свесни за тоа дека доволно е детето да се сопне или да се наведне премногу напред и да заврши во водата без можност да се одржи на површината. За среќа, во една неодамнешна ситуација, еден ретривер покажа неверојатна храброст и заштитнички инстинкт, спречувајќи трагедија.
На видеото, кое предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, се гледа како едногодишно бебе, штотуку проодено, во момент на невнимание на неговите родители, се упатува кон базенот во семејниот двор. Љубопитното мало момче седнува веднаш до водата, фасцинирано од нејзиниот одблесок се наведнува напред во обид да ја допре површината.
Меѓутоа, пред да се случи несреќата, златниот ретривер, кој цело време е покрај детето, стапува во акција. Кога забележува дека бебето е во опасност блиску до работ, тоа бргу реагира. Со забите го зграпчува детето за облеката и го повлекува наназад. Потоа крепејќи се на задните нозе, му помага на детето да стане и го носи на безбедно растојание.
Овој неверојатен момент предизвика восхит ширум светот, а многумина истакнаа колку кучињата не се само лојални, туку и заштитнички настроени кон своите сопственици, дури и кон најмладите. Коментарите се полни со благодарност и восхит кон кучето, чии инстинкти и брзи реакции можеби ја спречиле трагедијата.
- Ова е доказ дека кучињата се ангели на земјата. Каков херој!
- Златните ретривери се навистина посебни. Оваа реакција ме расплака.
- Неверојатно е колку инстинктивно знаеше дека детето не е безбедно.
- Чиста љубов и посветеност.
- Родителите треба да бидат повнимателни! За среќа, кучето беше таму.
- Погледнете само колку нежно го придвижува и му помага да стане.
-Апсолутно заслужува огромна порција десерт и прегратки, се надоврзуваа луѓето во коментарите.