„Крвав“ дожд заврна на позната плажа, туристите воодушевени: Тоа е божја убавина (ВИДЕО)

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Крвав“ дожд заврна на позната плажа, туристите воодушевени: Тоа е божја убавина (ВИДЕО)

Снимките од оваа таканаречена „црвена плима“ во моментов предизвикуваат возбуда кај посетителите, а видеата од овој феномен веќе добија милиони прегледи, пренесе Телеграф.

Црвената боја на плажата е предизвикана од високата содржина на железен оксид во почвата.

„Шетајќи по брегот, ќе наидете на делови каде што песокот свети, особено е волшебен на зајдисонце или изгрејсонце“, напиша иранската туристичка организација во објавата.

Еден од водичите објасни дека овој феномен се случува на сребрените и црвените плажи на островот Хормуз во Персискиот залив.

„Тоа е навистина уникатен остров, божествена убавина, колку е убаво и неверојатно сето ова“, воодушевено рекол турист кога посетил една од гореспоменатите плажи.

Островот Хормуз е познат и како „островот на виножито“ поради својот калеидоскопски пејзаж и е дом на 70 минерали.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата