Кому му е потешко кога бракот „не функционира“, на жените или на мажите?

19.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кому му е потешко кога бракот „не функционира“, на жените или на мажите?

Мажите во брак се физички и психички поздрави од невенчаните, додека за жените во несреќни бракови, важи спротивното, според некои инстражувања. Исто така, жените ги преживуваат брачните проблеми многу потрауматично од нивните сопружници. Дали се препознавате себеси?

Според психолозите, одговорот би можел да лежи во разликата на начинот на кој мажите и жените ги обработуваат емоциите на своите партнери, како и своите. Психологот Роберт В. Левенсон, доктор на науки од Универзитетот во Калифорнија, се согласува со ова.

Тој наведува дека стресните ситуации при брачни расправии и конфликти предизвикуваат  физиолошки промени и реакцијата на ваквиот стрес влијае на нивното здравје.

Истражувањата, исто така, покажале дека оние кои имаат стратегии за намалување на физичката возбуда за време на стресни ситуации имаат подобро физичко и ментално здравје, како и повисоко ниво на брачно задоволство и емотивна стабилност.

Зошто, според експертите, им е полесно на мажите?

Мажите почесто користат вакви стратегии, објаснува Левенсон. „Колку се физички повозбудени, толку емоционално се чувствуваат понегативно“, опишува тој. Сепак, според него, „кај жените, нема значајна поврзаност помеѓу нивото на возбуда и чувството на лошо расположение“.

Ваквите откритија укажуваат на можноста мажите да се повеќе усогласени со сопствените емоции. Покрај тоа, повеќето истражувања сугерираат дека жените повеќе се фокусираат на емоциите на своите сопрузи (партнери) отколку на сопствените.

Бракот и насочувањето на интензивните емоции: Како повлекувањето од кризна ситуација влијае на сопружниците

Кога брачниот конфликт предизвикува негативни емоции, повеќето мажи кои доживуваат повисоко ниво на возбуда се чувствуваат лошо и се повлекуваат, вели Левенсон. Кога се повлекуваат од таа интеракција, го намалуваат нивото на физичка возбуда. Поради ова, според него, тие не страдаат од долгорочни негативни ефекти. Едноставно кажано, тие „се издишуваат“ како балон.

Меѓутоа, кога мажите не се повлекуваат од таква ситуација, туку остануваат во неа и ги потиснуваат своите емоции, нивната физичка возбуда значително опаѓа. Тоа и за нив е  помалку ефикасна стратегија за справување.

Бидејќи емотивното искуство на жените не мора секогаш да се одрази на нивната физиолошка (физичка) состојба, тие можат да бидат физички возбудени, а всушност да не чувствуваат негативни емоции. Како и да се чувствуваат, тие ќе го продолжат разговорот по цена на „високи тонови“. Сопрузите најчесто се повлекуваат. Ова води до уште почеста фрустрација кај жените и уште поголем стрес. Во лошите бракови, континуираното високо ниво на стрес, покрај хормоналниот статус, сепак предизвикува физиолошки реакции кај жените што можат да доведат до полошо здравје, смета Левенсон.

Препознавање на меѓусебните емоции: Зошто жените се во уште полоша позиција?

Друга можна теорија за лошото здравје на несреќно мажените жени, вели Левенсон, ја зема предвид можноста сопружниците точно да ги препознаат емоциите еден кај друг.

Психолозите дошле до заклучок дека постои очигледна последица што укажува на интересна разлика меѓу половите. Кога жените точно ги толкуваат емоциите на своите сопрузи, тие исто така ја забележуваат физичката возбуда што ја покажуваат сопрузите. Од друга страна, сопрузите, иако исто толку добро ги препознаваат емоциите кај своите сопруги - не покажуваат таков вид физиолошка активација, илустрира Роберт В. Левенсон.

Значи, во лошите бракови и конфликти во кои сопрузите покажуваат физичка возбуда, жените го преземаат и нивниот товар на свои рамена и психа. Сето ова резултира со дополнителен долгорочен стрес, што може да доведе до влошување на целокупното здравје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата