Кои години се идеални за брак на жените, а кога мажите се конечно „зрели“ за пред олтар?

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кои години се идеални за брак на жените, а кога мажите се конечно „зрели“ за пред олтар?

Додека некогаш се сметаше девојката за „стара мома“ ако не се омажи до својата 20-та година, старосната граница за брак со текот на времето се промени и сега, просекот е после триесеттата година. Ова го наметнува прашањето која возраст е идеална за брак, секако и кај мажите и кај жените.

Кога станува збор за прашањето кога е вистинско време за брак, науката и математиката го имаат одговорот - водени од нив, би требало да го следиме правилото 37%, кое новинарот Брајан Кристи и научникот Том Грифитс го претставија во својата книга „Алгоритми за животот: Компјутерска наука за човечките одлуки“.

Имено, тие откриле дека луѓето своите најдобри одлуки ги носат кога ќе анализираат 37 отсто од нивните вкупни опции. До овој заклучок дошле откако ги анализирале кандидатите за работа, тврдејќи дека по прегледувањето на 37% од луѓето кои аплицирале за одредена позиција, можеле да изберат квалификуван кандидат без дополнително да бараат.

Применувајќи го ова правило, доаѓаме до заклучок дека идеална возраст за брак е 26 г. Всушност, возрасниот опсег во кој луѓето бараат љубов е помеѓу 18 и 40. Кога од тоа ќе се изведат 37%, доаѓаме до бројот 26. После ова, квалитетот на опциите почнува да опаѓа, велат експертите.

Исто така, психологот Вајат Фишер вели дека овој период од животот е идеален за човек конечно да се скраси бидејќи тогаш го завршува своето образование и почнува полека да гради кариера.

Социологот Келси Торгерсон смета дека е клучно мозокот целосно да се развие за да ја најдете идеалната личност, а тоа е околу 25-тата година од животот.

- Важно е да поминете стресни ситуации со партнерот, па ако имате средношколска љубов, треба да видите како двајцата се справувате со обврските на факултет, врската на далечина, студирањето во странство или вработувањето. Треба да имате стратегии за управување со конфликтите за да го одржите вашиот брак здрав и успешен - вели Келси Торгерсон.

Од друга страна, љубовниот терапевт Вина Калинс смета дека магичниот број за склучување брак кај жените е 28 г., додека за мажите 32 г.

- Чекањето до 32-та година им дава можност на мажите да се скрасат на професионално поле и да напредуваат пред да се венчаат. Исто така, им дава можност да се развиваат социјално и емоционално преку самостоен живот и излегување. До 32-годишна возраст, многу мажи развиле идеја за тоа како сакаат да изгледа нивниот брачен живот. Тие, исто така, имаат трезвена перспектива за раѓањето деца и нивната улога во заедничкото родителство. Ова придонесува за здраво партнерство - истакнува Колинс, а пренесува Bride.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата