Наместо тоа, тие ќе го помине одморот дома во Норфолк со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.
Вилијам го информирал Кралот Чарлс за сè, велејќи дека тој и Кејт одлучиле да го прескокнат собирот за да „поминат повеќе време како семејство за Велигден“, тврди изворот.
„Тие избраа да поминуваат време како семејство пред децата да се вратат на училиште“, додаде изворот.
Кралот Чарлс се согласил со нивната одлука да го поминат Велигден во Норфолк. Ова е втора година по ред како Кејт и Вилијам прескокнуваат семеен собир. Минатата година го откажаа бидејќи на Кејт и беше дијагностициран рак неколку недели претходно.
Кејт и Вилијам последен пат присуствуваа на велигденската миса во 2023 година, кога за прв пат им се придружи нивниот син Луис. Една година претходно и Шарлот и Џорџ го имаа своето „деби“ на велигденската миса.