Канал 5 во Бостон – Американски културен и економски гигант со типична европска архитектура

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канал 5 во Бостон – Американски културен и економски гигант со типична европска архитектура

Претпознатлив по богатата историја, вкусната морска храна и врвните универзитети, беjзболот и кошарката, бостонскиот маратон. Лоциран на брегот на Атлантскиот океан, специфичен по извонредните градби карактеристични за стариот континент поради што го добива епитетот најевропски град во Соединетите Американски Држави. Преполн со живот и млади луѓе, динамичен град, кој ќе ви понуди се што ќе посакате од една метропола. Идеално место за живеење, велат жителите, но само за добро платените, затоа што Бостон воопшто не е евтин град.

        Живеам во Бостон, всушност живеам токму тука. Навистина ми се допаѓа, но реално е скапо, тоа е негативната страна..

        Да се живее во Бостон е одлично, посебно во лето. Ми се допаѓа времето, пролетта и летото се преубави, а не ми пречи ниту кога е ладно и зима.

        Тука ноќниот живот не е премногу луд, но го сакам градот посебно е кога е лето, времето е прекрасно.

        Јас сум прв пат тука, ми се допаѓа околината и се чуствувам безбедна, како странец не морам да се грижам дали ќе ми приоѓаат непознати лица.

Во Бостон живеат околу 675.000 илјади луѓе и околу пет милиони во неговата околина.. Градот е чист и со пространи паркови за уживање, спорт и рекреација.

Бостонските улици се дом и бездомниците, но ги нема толку како во повеќето градови во земјата.

 Пиењето алкохол на јавните површини е забрането, освен на места кои имаат посебни дозволи, исто како и пушењето , затоа ретко да забележите и некој со цигара во рака..

Бостон ја има осмата по големина економија во САД, која е фокусирана кон образованието, правото, финансиите,  медицината, високата технологија и научните истражувања.

Бостон е светски лидер во високото образование. Во неговата област има повеќе од 40 врвни колеџи и универзитети, меѓу кои Харвард и МИТ . На Харвард студирале осум американски претседатели и 154 добитници на Нобелови награди, а на Универзитетот годишно успеваат да се запишат само 5 проценти од оние кои аплицираат.

 „Добродојдовте на Универзитетот Харвард која е една од најстарите високобразовни институции во САД .. Изграден во 1636 година. Секако овој универзитет е еден од најпрестижните во светот. Во моментот се наоѓаме во универзитетскиот кампус, како што може да збележите има голем број на студенти, секако и туристи. Се наоѓа покрај реката Чарлс во Кембриџ, во државата Масачусетс“.

На Харвард нидовме и на укинкатен протест, нетипичен за Балканот .Група студенти протестираа не за своите права, туку за да се зголеми на платата на техничкиот персонал на Универзитетот .

Инаку, градот Бостон официјално е основан во 1630 година од англиските пуританци, кои пребегнале во новата земја за да бараат верската слобода. Многумина го сметаат за родно место на Американската револуција. За оние кои сакаат да научат повеќе за историјата на САД, следењето на патеката на слободата е одлична идеја. Ќе ве одведе до најзначајните 16 локации во градот.

„Ова е патеката на слободата.. Патека составена од црвени цигли која што туристите ги води до најголемите историски знаменитости на градот Бостон. Инаку, турата трае околу 90 минути до два часа и е долга околу четири километри.“

Во центарот на градот се наоѓа седиштето на еден од најпознатите весници во САД Бостон Глоуб, сопственик на 27 Пулицерови награди. Рашел Коен, која е една од уредниците на весникот вели дека специфичноста и убавината на градот во кој живее и работи е во неговата мултикултурна димензија.

„ Да се зборува за Бостон значи да се зборува за многу населби, етнички населби, различни стилови и култури и тоа е суштината на американскиот т.н „сад за топење“. Каде што многу луѓе дојдоа од многу различни места, без разлика дали се на училиште или на работа и сите тие се чувствуваат удобно овде.“-Рашел Коен – Уредник во Бостон Глоуб.

Со оглед на тоа што градот е на самиот брег на Атлантикот,  специјалитет е морската храна која е секогаш свежа и вкусна, без разлика дали преферате супа од школки, јастог или риба.. Во градот постојано има разновидни настани, и дење и ноќе.. А вистински празник е кога играат Ред Сокс или Бостон Селтикс, најтрофејниот НБА клуб во историјата.

Да сумираме, магијата на Бостон ќе ве освои уште на прв поглед, град во кој ќе посакате  да се вратите откако еднаш ќе го посетите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата