Цената на кафето расте бидејќи неговото одгледување станува сè потешко поради климатските промени, но и поради неповолните пазарни услови за малите одгледувачи, кои се основата на производството на оваа култура.
Потрошувачите можат да помогнат со купување сертифицирани и одржливи сорти кафе и со поддршка на производителите кои внимаваат на екологијата.
Можеби ќе ве интересира: Една шолја од овој напиток прави чудо за бубрезите: Еве кога е најдобро да ја пиете
Андреа Или, претседател на италијанската компанија за преработка на кафе „Или“, изјави дека моментално високите цени на кафето се последица на минатогодишните суши во Виетнам и Бразил, предизвикани од „Ел Нињо“, океанска струја што се движи напред-назад преку јужниот дел на Тихиот океан.
Климатските промени го засилија влијанието на „Ел Нињо“ и го проширија, дури и на атлантски локации како Бразил. Тоа доведе до поголеми суши, кои ги намалија приносите и ја зголемија цената на зеленото кафе што оди во пржениците за речиси 55 проценти.
– Ни одгледувачите на кафе не се задоволни од толку високата цена, бидејќи велат дека таа е неодржлива. Потрошувачката ќе падне, а потоа цената ќе се сруши – рече Или.
Можеби ќе ве интересира: Цената на кафето на светските берзи незапирливо расте
Одгледувачите во период на поголема побарувачка се обидуваат да го искористат моментот со засадување повеќе дрвца, зголемувајќи го производството, пренесува Биз Портал.