Татко направил одвратна ДНК измама за да избегне плаќање алиментација од 110.000 евра за 3- годишниот син

16.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко направил одвратна ДНК измама за да избегне плаќање алиментација од 110.000 евра за 3- годишниот син

Во прв план е сериозно кршење на довербата и манипулација со медицинските процедури, објавува Дејли Меил.

Сомнежи во резултатот

Челси Милер (31) се сомневала во точноста на резултатите од ДНК тестот што нејзиниот поранешен партнер ги доставил како доказ дека тој не е татко на момчето Луис, родено во март 2022 година.

Шелдон Браун ја напуштил Челзи само три дена по породувањето, а потоа тврдел дека не е биолошки татко на малото.

Британските медиуми пишуваа дека можел да „заштеди“ дури 110.000 евра алиментација доколку тестот покажел дека тој не е татко на детето.

Се согласил да го фалсификува тестот

Судењето покажало дека тетката на Браун му се обратила на лабораторискиот техничар, Роберт Пател (38), кој се согласил да ги фалсификува резултатите, објавува Дејли Меил.

Тој добил примерок од плунка што не му припаѓал на Браун, фалсификувал лекарски потпис и употребил официјален печат за да го направи тестот да изгледа веродостоен.

Сепак, сомневањата на мајката не стивнале, па таа успеала да ја убеди мајката на Браун, Кејти, да се тестира во приватна лабораторија.

Се изјасниле за виновни

Резултатите потврдиле дека Кејти Браун навистина била баба на Луис, со што се докажува ДНК врската помеѓу Шелдон и детето и се открива обидот за измама. Покрај тоа, форензичката анализа покажала дека примерокот од лажниот тест му припаѓал на Пател, кој имал криминално досие.

За време на судењето, Браун и Пател се изјасниле за виновни и се осудени на 50 и 33 недели затвор, соодветно.

По пресудата, Челси Милер се огласила на социјалните мрежи за да каже: „Секогаш знаев кој е таткото на моето дете, но по сето ова, почнав да се сомневам во сопствената разумност. Нивото на непрофесионализам и кршење на довербата во овој случај е целосно неприфатливо. Пациентите заслужуваат да се чувствуваат безбедно и почитувано, особено во вакви чувствителни ситуации. Се надевам дека овој случај ќе послужи како предупредување и дека властите ќе преземат сите мерки за да спречат слични злоупотреби во иднина.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата