Во регионот не паднал дожд речиси три месеци. Годишно таму се губат по 1.000 хектари обработливо земјиште. Стручњаците алармираат дека доколку продолжат климатските промени, за 80 до 100 години областа би можела целосно да пресуши, а голем дел од земјоделските површини да се претворат во песочни дини. Последиците врз земјоделството и екосистемите ќе бидат катастрофални – под ризик се речиси еден милион хектари.
Првите ефекти веќе се забележливи во округот Долж, каде над 100.000 хектари земјиште веќе се претвориле во пустинска почва. Под жестокото сонце, жителите ги ризикуваат здравјето и животот обидувајќи се да ги наводнуваат посевите.
- Ако не останеме на нивите, врапчињата ќе ни ја изедат целата жетва, велат локални жители од општина Келераш за Диџи24. Тие изјавија дека повеќе не можат да се занимаваат со земјоделство бидејќи нема влага во почвата дури ни на длабочина од 25 метри.
- Попладне песокот достигнува 70 степени. Ниту едно растение не може да преживее на таа температура. Не знам што ќе правиме понатаму, вели градоначалникот на Келераш, Сорин Санду.
Во меѓувреме, Романија е под жолт и портокалов метео аларм за опасни горештини. Според националната метеоролошка служба, највисоки температури се очекуваат токму во Олтенија.