Јапонка предизвикала 8 сообраќајки за 35 минути

25.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонка предизвикала 8 сообраќајки за 35 минути

Инцидентите се случиле на улицата Шин-Мидосуџи, главната артерија што минува низ северниот центар на градот Осака. Иако улицата е многу прометна, Шин-Мидосуџи е релативно широка и права улица која е една од полесните патеки за возење.

Првиот судир се случил во седум часот наутро, кога жена удрила во автомобил управуван од 46-годишен маж и продолжила да вози.

Шест минути подоцна удрила во друг автомобил и побегнала, а две минути подоцна се судрила со трет автомобил управуван од 60-годишен маж.

И овој пат побегнала од местото на настанот и во 7 часот и 13 минути налетала на 49-годишна жена која возела скутер, удрила во пешак во 7 часот и 21 минути, а осум минути подоцна удрила во 82-годишен пешак со автомобил.

После тоа, околу 7:35 часот удрила во ѕид покрај улицата Шин-Мидосуји, а потоа и во 33-годишен мотоциклист, по што била приведена од полицијата.

Во инцидентите со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден мотоциклист, јавува Танјуг.

Полицијата соопшти дека жената не била позитивна на алкохол.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата