Италијанка држи необичен Гинисов рекорд- сите се зачудени кога ќе ја отвори устата (ВИДЕО)

2.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанка држи необичен Гинисов рекорд- сите се зачудени кога ќе ја отвори устата (ВИДЕО)

Дебелината на нејзиниот јазик е импресивни 13,83 сантиметри, што значи дека е поголем од обемот на топче за пинг-понг!

Амбра открива дека контактирала со познатата организација откако ги видела фотографиите на Данте Барнс, поранешниот рекордер во машка категорија.

„Како дете ги следев сопствениците на Гинисови рекорди и замислував дека сум меѓу нив“, вели таа.

Таа отсекогаш ги забавувала своите пријатели со својот необичен јазик, а потоа решила да се пријави, пренесува UPI.com.

Набрзо било организирано и официјално мерење, а Амбра ја презеде титулата од Џени Дувандер од Орегон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата