Истражувачи нашле нешто неверојатно во рудник, длабок 300 метри: Го оставиле и автобусот(ВИДЕО)

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражувачи нашле нешто неверојатно во рудник, длабок 300 метри: Го оставиле и автобусот(ВИДЕО)

Станува збор за лавиринт од тунели кои се протегаат дури осум километри.

На длабочина од речиси 300 метри пронашле неверојатна сцена која, како што велат, морале да му ја покажат на целиот свет.

Истражувачите веднаш забележале дека влезот во стариот рудник е отворен, пишува Daily Mail.

„Порано имаше огромни бетонски блокови над влезот, кои во меѓувреме беа отстранети. Беше неверојатно“, изјави еден од нив.

Спуштајќи се подлабоко и подлабоко, возбудата растела, а потоа виделе напуштен вагон, ретро автобус, караван, бина и план за осветлување.

 „Дознавме дека се работи за напуштен филмски сет. Тука е снимен филм за суперхероите на Марвел. Обично наоѓаме интересни артефакти, но вакво нешто никогаш не сме виделе“, велат тие.

Истражувачите тврдат дека филмот „Fantastic Four: First Steps“ е снимен во стариот рудник, со ѕвездата на новиот „Гладијатор“, Педро Паскал. Мрежата од тунели наводно била користена и за снимањето на новиот „Невозможна мисија“ со Том Круз.

 „Го обиколивме тунелите со светилки и наидовме на нереална глетка. „Колку често можете да видите автобус на 300 метри под земја“, велат тие.

Групата наведува дека филмаџиите зад себе оставиле и микробранова печка, котел, како и цевки кои се користеле за вентилација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата