Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано

Куклата е обесена откако Маск, на инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, отпоздрави, а неговиот гест беше спореден со нацистичкиот поздрав.

Маск ги отфрли критиките како „заморен“ напад.

Соборениот италијански фашистички диктатор Мусолини беше погубен од италијански партизан во селото Џулино ди Мецегра, северна Италија на 28 април 1945 година, во последните денови од Втората светска војна во Европа.

Телата на Мусолини и неговата љубовница Кларета Петачи беа однесени во Милано и оставени на плоштадот Лорето, а потоа беа обесени наопаку.

Десничарските екстремисти го прославија гестот со крена рака на Маск, иако неговата намера не беше сосема јасна.

Белиот пламен повторно ќе се издигне, објави огранокот на белата националистичка група Белите животи се важни (White Lives Matter) на Телеграм. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата