ИМА СТАН, ДУЌАНИ, ПАРИ, А ПРОСИ: Ова е најбогатиот просјак на светот (ВИДЕО)

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИМА СТАН, ДУЌАНИ, ПАРИ, А ПРОСИ: Ова е најбогатиот просјак на светот (ВИДЕО)

Бхарат Џаин е милионер од Мумбаи, кој секој ден бара минувачите да му даваат пари.

И додека многу луѓе на негова возраст работат со полно работно време, Бхарат ги поминува деновите на улица и многу добро заработува од тоа.

Неговата омилена локација за просење е железничката станица Чатрапати Шиваџи Махарај Терминус, каде што успева да собере вистинско богатство со други питачи.

Бхарат поседува двособен стан во Мумбаи во вредност од 102.366 долари, но и две продавници кои ги издава за 30.000 рупии месечно.

Како што пренесуваат странските медиуми, месечниот приход на овој просјак е 60.000 рупии (731 долари) и 75.000 рупии (914 долари), што е значително повеќе отколку што просечниот жител на Индија заработува со редовна работа. Инаку, просечната плата во Индија е 350 евра. А има и такви кои заработуваат само 100 евра месечно.

Сега од друга страна, неговите деца нема да тргнат по неговите стапки. Тие веќе го завршиле образованието, а го молат татко им да се симне од улица, но тој одбива.

Тој во голема мера стана омилена личност на индискиот печат, кој често пишува за него за што подобро да го продаде својот материјал.

Во продолжение погледнете кој е Бхарат Џаин, најбогатиот просјак во светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата