Во интервју за Radio France Inter, Бирол изјави дека „ова навистина е најголемата криза во историјата“ посочувајќи дека влошената ситуација е комбинација од нарушувањата на пазарите на нафта и гас и веќе постоечките проблеми предизвикани од војната меѓу Русија и Украина.
Според него, глобалните енергетски пазари се во полоша состојба отколку за време на претходните големи кризи од 1973, 1979 и 2022 година.
Блискоисточниот конфликт доведе до нарушувања во поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина, преку кој поминува околу една петтина од светските испораки на нафта и течен природен гас. Тоа дополнително го оптоварува глобалното снабдување со енергенси, веќе засегнато од намалените руски испораки кон Европа.
IEA претходно овој месец соопшти дека е подготвена да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви со цел да се ублажи растот на цените предизвикан од кризата.

