Шанса да се избере нов поглавар на Римокатоличката црква има и вечерва на две оделни гласања. Се додека не се избере наследникот на Франциск од оџакот на Сикстинската палата ќе се гледа само црн чад, односно ке се појави белиот кој означува дека Ватикан има нов папа.
На плоштадот Свети Петар пред Базиликата иљадници верници ги чекаат резултатите. Голем дел од нив се туристи, кои го продолжиле престојот и одморот за да бидат дел од атмосферата и можеби да просведочат за изборот на 267миот папа.
-Ова е можност што се случува еднаш во животот да се дојде на конклавот. Бев во Амстердам, требаше да се вратам во петок, но го продолжив рокот за уште една недела и навистина сум возбудена што сум тука. Мислам дека ова ќе биде нешто што ќе го паметам до крајот на животот, нешто што сигурно ќе им го раскажувам на моите деца и внуци. Возбудена сум.
-Заминувам утре, па веројатно нема да го видам белиот џад, но секој дел од ова е возбудлив. Возбуденa за сè што ќе ни донесе светиот дух.
-За избор на папа е потребно 2/3 мнозинство, односно од 133 кардинали 89 да гласаат за еден од нив. Доколку и во наредните 3 дена не се избере новиот папа, тогаш се прави еднодневна пауза каде се оСтава простор за молитва и размислување, по што одново продолжува истиот процес на гласање со 4 круга– објаснува отец Гоце Костов.
-Секој кардинал посебно со ливче напишано со име на неговиот кандидат кардинал излегува и го држи високо подигнато за да биде видливо и го пушта во еден сад кој што е затворен изговарајки притоа една формула во која вели дека го дава изборот на оној што е воља божја на крајот. Потоа се поклонува пред олтарот и се враќа на своето место. Потоа има и кардинали кои ги пребројуваат гласовите и откако ќе се утврди резултатот од гласањето соодветно на тоа се дава знак на народот кој што е собран.
Меѓу верниците како фаворити се сметаат италијанскиот кардинал Пјетро Паролин – инаку државен секретар за време на папата Франциск како и филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле. Други потенцијални кандидати за папа се Французинот Жан-Марк Авелин, Унгарецот Питер Ердо и Италијанецот Пјербатиста Пицабала.