Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш им порача денеска на светските лидери дека согорувањето на фосилните горива мора целосно да се запре и дека намалувањето на нивната употреба нема да биде доволно за да се запре глобалното затоплување.
„Постигнувањето на границата од 1,5 степени е можно само ако ја прекинеме употребата на фосилни горива. Не само да ја намалиме“, рече Гутереш.
Тој ги повика компаниите за фосилни горива да инвестираат во премин кон обновливи извори на енергија и ги повика владите да помогнат така што ќе ја форсираат оваа промена, вклучително и преку високите даноци на профитот во секторот.
„Ги повикувам владите да и помогнат на индустријата да го направи вистинскиот избор“, рече Гутереш.