Психологот Лора Рид од Велика Британија објаснува дека гушкањето придонесува за создавање поцврсти емоционални врски меѓу родителот и детето, што е од клучно значење за емоционалната стабилност. Таа физичката поврзаност пред спиење, му помага на детето да се опушти и да му го намали стресот, бидејќи гушкањето го активира окситоцинот - хормон којшто го зголемува чувството на сигурност и безбедност, а ја намалува анксиозноста.
Прегратката пред спиење е едноставен, но многу важен начин за зајакнување на емоционалното здравје и менталната отпорност на детето.
Според д-р Рид, навиките како гушкањето пред спиење, исто така, го подобруваат квалитетот на сонот, а децата кои добиваат емоционална поддршка полесно заспиваат и се помалку склони кон ноќни стравови, што придонесува за подобра ментална стабилност. Децата кои се чувствуваат безбедно и сакани, обично, се психички поотпорни, па и пoтoa во животот полесно се справуваат со предизвиците и стресот, а развиваат и здрава емоционална рамнотежа.