Метео-Франс издаде црвено предупредување за топлотен бран во 14 департмани, со прогноза дека топлината ќе се интензивира денеска во регионот Оверњ-Рона-Алпи, пишува Ле Фигаро.
„Исклучителен топлотен бран продолжува и се шири: црвениот аларм останува на сила на југозапад до среда, а денеска стигнува до Рона, Изер, Дром и Ардеш“, објави метеоролошката агенција „Ла Шејн“, која истакна дека станува збор за „голем топлотен бран со историски интензитет“.
Температурните рекорди беа срушени вчера во департманот Нова Аквитанија - 42,1 степени беа измерени во Бержерак и 41,6 степени Целзиусови во Бордо.