Стоматологот знае дали сте имале секс, а еве како
За стоматолозите вашите заби, непца и уста се како лична карта. Од еден преглед можат да утврдат дали сте во друга состојба, дали сте го цицале палецот како дете или се уште грицкате нокти, а една девојка по име Џина открила дека можат да утврдат и дали сте имале орален секс.
На нејзиниот профил на TikTok, таа сподели разговор со својот стоматолог кој искрено одговори на нејзиното прашање.
– Слушнав дека стоматолозите знаат дали пациент имал орален секс. Дали е вистина? – праша Џина, на што стоматологот и даде потврден одговор:
– Можеме да видиме модринки на мекото ткива на задниот дел на мекото непце. И постои одредена шема на модринки.
Конечно, нејзиниот стоматолог откри еден интересен податок, а тоа е дека по Денот на вљубените (14 февруари), модринки на мекото непце се многу почести.