Џоломарите од Ресава парите собрани за Василица ќе ги вложат во старото училиште за развој на етно туризам

17.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џоломарите од Ресава парите собрани за Василица ќе ги вложат во старото училиште за развој на етно туризам

 Од џоломарската група информираа , дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат ова интересно село близу Тиквешко Езеро.

- Имаме прекрасна природа, езеро во близина, производство на извонредни вина и ракии препознатливи по својот квалитет, богата историја и што ли уште не, посочија од џоломарската група која има бројни настапи и освоени награди на фестивали и карневали во земјава и странство.

Притоа, потсетија дека џоломарството е исконска традиција на овие простори, секоја Василица џоломарите со страшни маски бркаат лоши духови и прават место за добрите нешта. За својата игра, при што прават врева со стапови и клопотарци, секоја Василица добиваат награда, по некоја пара. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата