„На 17 февруари 2026 година, за време на кинеската Нова година, официјално беше отворен нов систем, што овозможува повеќечасовното заморно искачување, да премине во лесно возење од 20 минути. Тоа значително го подобри секојдневниот живот за тамошното население, како и за туристите“, соопшти Интерестинг инџиниринг (Interesting Engineering).
Системот користи комбинација на лифтови, подвижни скали и пешачки патеки. Изграден долж вертикалната оска на патот, со должина од 905, на висина од 242,14 метри. (80 катна зграда). Составен е од 21 подвижни скали, осум лифтови, четир подвижни патеки и низа пешачки мостови. Проектиран е да го издржи стрмниот терен и суровите временски услови во Чонгкинг, овозможувајќи голем капацитет на пешаци. Целиот систем има проѕирни стаклени фасади кои нудат прекрасен поглед кон кањонот Ву и браната Три кањони. За време на пробната фаза, посетителите можат да ги користат подвижните скали за три јуани (околу 40 центи).
Со поставувањето на ескалаторите, овој планински град постигна светски рекорд за „најдолг систем на подвижни скали на отворено“. На овој начин се поврзуваат крајбрежни патишта директно со музеи, болници, училишта и други јавни установи. Системот интегрира различни начини на транспорт, овозможувајќи поврзување на претходно изолирани населби. Отсега жителите на ова подрачје повеќе не мора да се движат по опасни, тесни патишта или стрмни падини за секојдневните обврски. По тест – периодот, одговорните лица ќе ја одредат конечната цена.

