Во Германија, 12 отсто од анкетираните млади лица на возраст од 18 до 29 години им кажале на анкетарите дека термините не им се познати.
Процентот е уште поголем во Австрија со 14 отсто, во Романија е 15 отсто и во Франција каде 46 отсто од младите луѓе се изјасниле дека овие термини им се непознати.
Истражувањето беше нарачано од Еврејската конференција врз примерок од 1.000 испитаници во Германија, Франција, Австрија, Британија, Полска, Унгарија, Романија и САД.
Значителен дел од младите луѓе во сите земји не знаат дека шест милиони Евреи биле убиени за време на нацистичката ера, покажа анкетата. Во Германија, процентот на 18-29-годишници беше 40 отсто, а околу 15 отсто изјавиле дека биле убиени два милиона или помалку Евреи.
Процентот е уште поголем во другите земји, а највисок е во Романија со 32 отсто, пренесе ДПА.
Во Германија, два отсто од сите испитаници изјавиле дека Холокаустот воопшто не се случил.
Речиси во сите земји од анкетата, големо мнозинство изјавиле дека нешто слично на Холокаустот би можело и во денешно време повторно да се случи.