Заедно со својот сопруг Емануеле Бутини, Дебора организирала „постнатпреварски“ забави за ѕвездите од Серија А, кои вклучуваа луксузни хотели, придружба и опасни супстанции.

Дебора ги рекламирала услугите на својата агенција преку својот Инстаграм профил, барајќи „млади соработнички со добри комуникациски вештини“. Всушност, овие девојки беа придружнички на кои клиентите им плаќаа илјадници евра, вклучувајќи светски познати фудбалери.
Истражителите открија дека Дебора била немилосрдна: таа земала 50 проценти од заработката на девојките и, покрај тоа, им наплаќала за сместување во зградата каде што се наоѓала агенцијата. Само пет дена пред полицијата да тропне на нејзината врата и да ѝ одреди домашен притвор, Дебора се фалеше на социјалните мрежи со видеа од Сен Тропе, каде што таа и нејзиниот сопруг уживаа во најскапиот шампањ.

Посебен дел од „понудата“ беше таканареченото „балонирање“ - консумирање на смешен гас од балон. Фудбалерите го сакаа затоа што им даваше еуфорија, а не можеше да се открие на допинг тестовите по натпреварите.

Сè започнало со сведочењето на една од девојките која одлучи да ги пријави Дебора и Емануеле во август 2024 година. Таа откри дека забави со дами за придружба се организираат секојдневно, дури и за време на најстрогиот карантин поради пандемијата на коронавирусот.
- Ронки и Бутини задржаа половина од парите. Во 2022 година, Колумбијка била принудена на проституција за 1.000 евра, а таа добила само 500 - се вели во сведочењето потврдено од полицијата во Милано.

Финансиската полиција запленила околу 1,2 милиони евра во оваа операција, а се сомнева дека прометот на агенцијата бил многу поголем. Дебора Ронки моментално е во домашен притвор, додека обвинителите продолжуваат да ги „чешлаат“ контактите и трансакциите што водат до самиот врв на италијанскиот фудбал.

