За нејзиниот изглед заслужни се доктори од Турција, нејзината трансформација предизвика бројни коментари на мрежите.
Стотици луѓе останаа без зборови откако оваа трансформација беше споделена на еден Инстаграм профил. На него се прикажани жени кои не биле задоволни од својот физички изглед, па користеле естетска хирургија за да станат поубави.
Тие не ја кријат својата среќа откако ќе се погледнат во огледало по операцијата. Но, една трансформација особено ни го привлече вниманието. На фотографијата е жена со просечен изглед, која пред сè сакала да направи пластична операција на носот, но и некои други зафати за да стане поубава.
- Пред три години успешно извршивме ринопластика, подмладување на лицето и операција на вилицата во форма на V за нашата драга пациентка Елизабет. По процедурата, постигнавме природен и младешки изглед, давајќи ѝ го посакуваниот изглед. Сега, дури и години подоцна, со задоволство гледаме дека резултатите сè уште совршено се одржуваат - беше објавено на оваа страница на Инстаграм.
Фотографиите пред и потоа навистина ги шокираа луѓето на социјалните мрежи. Немаше ни трага од уморната жена со просечен изглед. Нејзината трансформација е доказ дека ефектите од пластичната хирургија се подолгорочни отколку што можеме да замислиме.
Жената на фотографијата, покрај операцијата на носот, направила и затегнување на лицето поради што изгледа барем 10 години помлада. Покрај тоа, таа ги средила и усните, но со мерка, поради што нејзиното лице изгледа значително посвежо. Подигнатите веѓи дополнително и го отворија погледот, правејќи ја пример за успешно изведена естетска корекција.
Следеа бројни коментари за нејзиниот нов изглед.
- Ова е фантастично!
- Изгледа како нејзина ќерка, помлада е најмалку 20 години.
- Доказ дека баба може да се претвори во девојка, и тоа убавица!
– Вака изгледа кога одите кај вистински доктор и ги слушате неговите совети – беа само дел од коментарите за трансформацијата на оваа дама.