Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

15.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

 Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер, неколку дена откако најави голем број реформи кои ќе помогнат во намалување на миграциите.

Во својата прва официјална посета на Албанија, Стармер ќе најави мерки за спречување на враќањето на албанските државјани во Британија откако ќе бидат депортирани и ќе стори повеќе за искоренување на перењето пари меѓу двете земји. Тој исто така ќе донира два уреди за откривање фалсификати со цел полесно да се препознаат оние кои користат лажни пасоши.

Тој исто така ќе најави проширување на заедничката работна група за миграции со додавање на Македонија и Црна Гора. Групата инаку веќе ги вклучува Албанија и Косово.

Во 2022 година, Албанците беа најбројни мигранти во Британија, но бројот оттогаш нагло се намали, делумно поради договорот за депортација што го склучи претходната конзервативна влада.

Што се однесува до легалните миграции, кои го сочинуваат најголемиот дел од оние кои доаѓаат во Британија, Стармер претходно оваа недела вети значително намалување на нето-приливот, истакнувајќи дека земјата без построги правила ризикува да стане „остров на странци“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата