Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Платформата за споделување слики, „Пинтерест“ нема да биде вклучена во новите мерки.

„Твич“ ќе ги деактивира профилите на малолетните корисници од 9 јануари и ќе спречи креирање нови профили од лица под 16 години. Комесарот рече дека иако „Пинтерест“ дозволува одредена социјална интеракција, неговата примарна цел е да собира слики и да генерира идеи, па затоа не спаѓа во таа категорија социјални медиуми.

Според новите правила, компаниите коишто нема да ја почитуваат забраната би можеле да се соочат со казни и до 32 милиони долари.

Порано овој месец, мерките за забрана и ограничувањето во однос на возраста, ги опфатија „Редит“, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Снепчет“, „Тредс”, „Инстаграм” „Кик“,, „Тик-ток”, „Икс” и „Јутјуб“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата