Нејзините неволји започнале додека студирала. Тогаш дознала дека ѝ била одбиена финансиска помош бидејќи ја третирале како мртва.
Потенцијалниот заемодавач и ја проследил документацијата во која била прогласена за почината, а Медлин за локалните медиуми изјавила дека оттогаш е во кошмар, без никаква помош од владата. Објаснила дека поради тоа не може да купи куќа, ниту да добие кредит, а и покрај напорите се уште не може да ја поправи грешката.
„Тоа ми го загорчи животот, финансиски“, објасни таа, додавајќи дека ѝ е проблем да ја задржи работата: „Прашање на време е кога компанијата ќе го провери мојот матичен број, а потоа ќе ме отпуштат. Не може да го затворат платниот список“.
Во 2019 година, Медлин поднесе тужба против Управата за социјално осигурување и други владини агенции и побара отштета од 12 милиони долари, но тужбата била отфрлена бидејќи државата има суверен имунитет.
Инаку, Медлин не е единствената која се нашла во правен метеж. Според Управата за социјално осигурување, до 12.000 луѓе погрешно се наведени како мртви секоја година.
Најчесто станува збор за едноставна грешка, како на пример погрешно внесен број во јавната DMF (Death Master File), но оваа грешка може многу да им го загорчи животот на луѓето.