Во Индија ќе продаваат резерви на литиум на АУКЦИЈА

26.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Индија ќе продаваат резерви на литиум на АУКЦИЈА

Најнаселената земја во светот во февруари откри наоѓалиште на литиум во Џаму и Кашмир, а тој литиум ќе го продава на аукција во следните неколку недели.

Ова на новинарите на Ројтерс им го кажал извор од Владата на Индија, кој додал дека некои странски компании веќе покажале интерес за индиските резерви на литиум.

Индиското Министерство за рудници не одговори веднаш на барањето за коментар.

Во февруари најнаселената земја во светот откри наоѓалиште на литиум во регионот Џаму и Кашмир, а количината на резервите се проценува на 5,9 милиони тони.

Споменатиот извор додаде дека индиската државна компанија „КАБИЛ“ (Khanij Bidesh India), задолжена за потрагата по минерали во странство, е во „завршна фаза“ на преговорите преку кои Њу Делхи треба да обезбеди неколку литиумски блокови од Аргентина.

Инаку, КАБИЛ преговара и со Владата на Чиле за набавка на литиумски блокови од таа земја, но разговорите се уште се на почеток, посочи изворот.

Извор: Телеграф Бизнис

Фото: Pixabay

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата