СТАРИТЕ АВТОМОБИЛИ ПОКВАЛИТЕТНИ ОД НОВИТЕ: Зошто е така покажува истражување

23.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТАРИТЕ АВТОМОБИЛИ ПОКВАЛИТЕТНИ ОД НОВИТЕ: Зошто е така покажува истражување

Падот на квалитетот на новите возила и натаму е присутен во индустријата, покажуваат најновите истражувања, па може да се каже дека новите автомобили не се толку добри како што беа…

Иако во светот има голем број на истражувања и анкети за квалитетот на возилата, има само неколку кои имаат долга традиција, а меѓу нив е и J.D. Power Initial Quality Study.

Истражување за квалитетот на возилата, проблемите и дефектите било спроведено на голема база на испитаници, сопственици на нови возила. Што покажува ова истражување спроведено во САД?

Падот на квалитетот на новите возила се уште е присутен во индустријата. Трета година по ред сопствениците пријавуваат се повеќе проблеми со своите нови автомобили.

Главно се работи за неисправности и проблеми поврзани со новите технологии. Сега доаѓа најинтересниот дел – брендовите кои со години обично се на дното на рангирањето, стигнаа до врвот.

Има многу ситници кои придонесуваат за проблеми со квалитетот кај новите автомобили, освен проблеми со мултимедијалниот систем, има и дефекти на рачките на вратите (оние кои се лизгаат во каросеријата), кои се се почести кај новите (електрични) автомобили.

Студијата ги рангира производителите на автомобили според бројот на проблеми пријавени од сопствениците на 100 возила. Овие проблеми вклучуваат сè, од мултимедија, контроли и дисплеи, до системи за помош на возачот, како и нови погонски единици на автомобили.

Просечниот број на пријавени проблеми годинава изнесува 192, наспроти 180 лани (2022) и 162 претходната година (2021). Значи, според ова истражување квалитетот е во опаѓање.

Иако Tesla и Polestar се официјално изоставени од студијата бидејќи не ги исполнувале сите услови, двата производители на електрични возила имаат 257, односно 313 проблеми на 100 возила. Ова е значително над просекот на студијата, односно не е многу добра вест за овие производители.

Матичната компанија Stellantis наводно успеала да ги подобри своите поединечни брендови како што се Dodge и Alfa бидејќи многу од моделите се исти како минатата година и имаа време да ги подобрат.

Инаку, при истражувањето се испитуваат сопственици на нови возила, односно возила од тековната моделска година. Годинава во истражувањето учествувале повеќе од 93 илјади сопственици на автомобили.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата