Автопатот Миладиновци – Штип, КАКО Е КРСТЕН? КАКО ОНОЈ ЧИЕ ИМЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПОМЕНЕ, НИ ОТПЕЕ

7.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автопатот Миладиновци – Штип, КАКО Е КРСТЕН? КАКО ОНОЈ ЧИЕ ИМЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПОМЕНЕ, НИ ОТПЕЕ

Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, уште додека автопатот Скопје – Штип бил во градба со владина одлука му дала име и одлуката излегла во службен весник, па со тоа е официјална и важечка. Името на автопатот е “Гоце Делчев”, објави Инфомакс. Сепак владата на Зоран Заев на ниту едно место нема поставено табла со името на новиот автопат.

Се тргнало од тоа дека Делчев учителствувал во населбата Ново Село во Штип и активно peгрутирал нови пpипaдници на opганизацијата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ име дала и на експресниот пат кој се уште е во градба од Градско до Прилеп и го именувале како експресен пат Методија Андонов Ченто.

Експресниот пат Штип-Кочани кој исто така се уште е во градба е именуван како Тодор Александров. Експресниот пат кон Бугарија за кој беше направен проектот, и обезбеден кредит од Светската банка, но СДСМ ја одложи градбата од непознати причини бил именуван како ВМРО.

Слична судбина го снајде и планираниот експресен пат Охрид – Пештани за кого одлуката е да се именува како експресен пат Христо Узунов.

Официјално име добил и експресниот пат Штип-Радовиш кој е во тек на градба и тој е именуван како Борис Сарафов.

Автопатот од Скопје до албанската граница е именуван по името на Мајка Тереза, исто како и обиколницата околу Скопје која е поврзана со автопатот кон Тетово, Струга и Албанската граница.

Сепак, најпознатото именување беше на Кородорот 10 кој се именуваше како Александар Македонски, но новата влада на Заев го преименува како “Пријателство”.

Дали не поставувањето на таблите во време кога велат дека се е спремно за пуштање на автопатот кон Штип значи дека и Гоце Делчев ќе ја доживее судбината на Александар Македонски?

Досега името на авопатот ,,Гоце Делчев” не беше спомнатo во ниту една изјава на владините претставници, како да не постои таква постоечка одлука која барем засега не е објавено дека е пpoменета.

Дали сето ова занчи дека премиерот почна да се плaши да го користи и изговара името на големиот македонски великан?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата