Земјотрес од 4,6 степени ја стресе Бугарија

7.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес од 4,6 степени ја стресе Бугарија

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 3 километри од Асеновград со 54.700 жители и 17 километри од Пловдив со 340.000 жители, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Граѓаните кои живеат во близина на епицентарот велат дека е почувствуван посилен земјотрес кој траел три до четири секунди. Засега нема извештаи за значителна штета или жртви.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата