Вучиќ го негираше учеството на државата Србија во вооружената пресметка во Бањска

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ го негираше учеството на државата Србија во вооружената пресметка во Бањска

Вучиќ рече дека „не знае што сакала таа група“, но и дека „веќе година дена има информации дека луѓето на Косово се подготвуваат на отпор.

-Момците убиени во Бањска за мене како претседател на Србија никогаш нема да бидат терористи. Тоа се семејни луѓе и ќе бараме да ни покажат слики како се случило убиството. Тие поставуваа барикади, а не стапици поради теророт на Курти. Полицаецот бил ранет со експлозив, по што почнало пукањето. Ова не ја објаснува природата на работата, но ја објаснува информацијата, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека нема оправдување за убиениот косовски полицаец, но и дека тој немал право да биде на северно Косово,кажа Вучиќ во интервју за РТС.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата