Во Црна Гора е уапсен Албанец по кого Интерпол распиша потерница, продавал кокаин во Белгија

15.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Црна Гора е уапсен Албанец по кого Интерпол распиша потерница, продавал кокаин во Белгија

„НЦБ Интерпол Брисел А.Д. го бараше за издржување затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело создавање криминална организација, поседување оружје и шверц на наркотици“, се вели во соопштението на црногорската полиција.

Тој заедно со членовите на неговата организирана криминална група ја препродавал наркотичната дрога кокаин на територијата на Белгија во градот Антверпен.

При претресот во станот на ова лице биле пронајдени околу 83 килограми од оваа наркотична дрога, околу 80.000 евра и пиштол Глок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата