Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

Првите случаи се регистрирани во сараевска општина Нови Град. Неофицијално, болеста се проширила во овој дел од градот преку водата. За да се спречи понатамошно ширење на заразата во неколку сараевски општини се спроведува дератизација.

Лептоспироза е заразна болест предизвикана од бактерија од родот лептоспира и се пренесува преку контакт со вода, почва или храна контаминирана со урина од заразени животни, особено глодари. Инфекцијата се јавува кога бактеријата влегуваат во телото преку оштетена кожа или преку сулзокожата (очи, нос и уста).

Симптомите вклучуваат висока температура, главоболка, болки во мускулите, замор и повраќање, а во тешки случаи може да се појави оштетување на црниот дроб и бубрезите и воспаление на мозочните мембрани (менингитис).

Ако лептоспирозата не се лекува може да предиузвика сериозни последици, вклучително и смрт.

Експертите советуваат да се избегнува контакт со потенцијално контаминирани површини, да се користи заштитна опрема во ризичните области и редовна контрола на штетници и одржување на хигиената.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата