Во Нови Сад приведен покраински пратеник

5.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Нови Сад приведен покраински пратеник

Пратеникот од ПСГ изјави за Н1 даека пратеници никогаш досега не биле апсени, а зад се стои намерата на власта да ги заплаши граѓаните.

Јововиќ е обвинет за напад на службено лице на протестот одржан во вторникот пред градското собрание на Нови Сад. Тој всушност се предал во полиција бидејќи вчера по него била распишана потерница.

„Имаме нови информации дека обвинителот предложил 30-дневен притвор, сега да ја чекаме одлуката на судот“, рече пратеничката на ПСГ, Ана Орег.

Таа објасни дека Јововиќ како покраински пратеник, за разлика од републичките, нема имунитет.

Орег потсети дека утре се одржува седницата на покраинскиот парламент, а на чело на пратеничкиот клуб е Јововиќ и според неа - тоа е преседан што не требало да се случи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата