Во Грција овци изеле околу 100 килограми медицински канабис

21.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Грција овци изеле околу 100 килограми медицински канабис

Набргу откако го извадил стадото на пасење, овчарот забележал дека животните се однесуваат „нетипично“. Барајќи ја причината, осознал дека овците навлегле во соседното поле за одгледување канабис за медицински цели.

По големите штети предизвикани од топлотниот бран и силните врнежи во ова подрачје летово, изедениот род е дополнителна мака за сопственикот на земјиштето. – Не знам дали е за смеење или за плачење, коментираше тој.

Во Грција, одгледување медицински канабис е дозволено.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата