Во Албанија е регистриран прв случај на поткуп на гласачи, еден глас 500 евра

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Албанија е регистриран прв случај на поткуп на гласачи, еден глас 500 евра

-Во Лушња уапсено е лицето М.Л. за кривично дело „Активна изборна корупција“, откако на лицето М.Т. му ветил 50.000 леки (500 евра) и му ја земал личната карта за фаворизирање на политички субјект на изборите, стои во полициското соопштение.

Обвинителството во Фиер денеска соопшти дека „по информации од Полицискиот комесаријат Лушња, во соработка со службите на правосудната полиција на овој комесаријат, како и во континуирана и ефикасна координација со Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, Тирана, со примена на методи на проактивна истрага, успеале да го документираат случајот на поткуп на гласачи".

-По извршување на првите истражни дејствија, правосудната полиција по насоки на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Фиер осомничениот е лишен од слобода. Судија на претходна постапка му  одредени мерка притвор, додаваат од Обвинителството на Албанија.

Медиумите наведуваат дека притворениот" работел" во интерес на опозициската Демократска партија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата