Видео: Масовна тепачка меѓу средношколци од две белградски гимназии

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Масовна тепачка меѓу средношколци од две белградски гимназии

Тепачката се случила во Звездарска шума. Додека момчињата се тепаат, девојчињата викаат по нив да не користат факели.

Станува збор за матуранти од Шестата и Седмата белградска гимназија.

Меѓу учениците кои се собрале да го прослават крајот на учебната година дошло до помал конфликт, а на социјалните мрежи се шпекулира дека алкохолот кој го конзумирале учениците уште повеќе го разгорел инцидентот, јавуваат српските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата