Д-р Виви Лукопулу била зад воланот на автомобилот која се враќала дома од 36-часовна смена во болницата Свети Андреј во Патра кога излета на шините, иако рампата беше спуштена, објави Прототема.
Во тој момент воз со голема брзина се приближувал, а докторката се обидела да забрза, но не можела да го избегне ударот. На снимката, снимена од безбедносните камери, се гледа моментот на страшниот удар и автомобилот како одлетал. Во судирот возилото било целосно уништено, а несреќната лекарка од остатоците на автомобилот била извлечена од пожарникарите.
Иако се здобила со повреди на градниот кош, слезината и клучната коска, животот на докторката не е во опасност и таа целосно ќе закрепне.
Докторката Виви за медиумите изјави дека не се сеќава како сето тоа се случило.
"Не се сеќавам на ништо... Навистина. Добро сум и ви благодарам на сите за поддршката и љубовта, но најмногу им благодарам на колегите кои дојдоа и се грижеа за мене", изјави д-р Виви.
„Светецот бдее над неа“
Сопругот на Виви, Јоргос, е убеден дека неговата сакана ја спасил светец.
"Се враќаше од смена, исцрпена... Имаше неколку тешки случаи, можеби се изгубила мислејќи на пациентите, а во еден миг се изгубила од вид. Светецот ја чува... Возот малку забавил 50 метри порано, тоа ја спасило", рекол нејзиниот сопруг Јорго.
Тој рече и дека е огромен проблем што заштитната рампа не ја штити целата должина на пругата, туку само едната страна од коловозот.
„Зошто сè не е затворено, ги прашав надлежните...“, рекол сопругот.