Според информациите од грчката полиција, 38-годишната жена наводно носела бомба со намера да ја постави пред блиската банка околу 5 часот наутро. Експлозијата оштетила неколку излози на продавници и возила во непосредна близина, се вели во полициското соопштение.
Полицијата се сомнева на поврзаност со екстремната левица
Полицијата од Солун, исто така, објави дека жената веќе им била позната на властите бидејќи учествувала во неколку грабежи и дека истражуваат можни врски со екстремно левичарски групи.