Хрватскиот министер за здравство Вили Берош утринава заедно со уште две лица е приведен од дома, по барање на Уредот за сузбивање на корупција и организиран криминал под сомнение за примање и давање на поткуп. Берош се товари дека зел мито од 75 илјади евра за набавка на медицинска опрема за три болници. Случајот бил покренат и воден од страна на Европското обвинтиелство, а како што соопшти хравтскиот јавен обвинтиел, тие до последен момент не биле запознаени со ниту еден детал, ниту дека воопшто се води истрага.
-Покрај господинот Берош, приведени се уште две лица и се води истрага против едно правно лице, поради казнивите дела, примање и давање мито, злосторничко здружување и трговија со влијание. Премиерот ми се јави и ме праша дали е вистина и му кажав дека е. Колку што јас знам, ниту УСКОК, ниту јавното обвинителство не беа известени за постапките на Европското обвинителство. Ние немавме никакви формални сознанија дека тие воделе паралелна истрага,- - Иван Турудиќ – Државен јавен обвинител на Хрватска.
Берош како што е наведено на веб страната на Европското обвинителство, се сомничи дека во последните две и пол години, како предводвник на злосторничкото здружение заедно со уште осум лица, обезбедиле набавка на медицински материјали за болниците во земјата, по неразумно високи цени. Во истиот момент кога полицијата тропна на негова врата, стигна веста дека Берош е разрешен од фунцијата.
-Ние како влада, никогаш не сме, ниту ќе штитиме било кого од кривичен прогон, доколку постои сомнеж дека некој направил кривични дела. Колку и да е тоа во овој момент непријатно, ако се докаже дека овие обвинувања против министерот Берош се точни, јас тоа го доживувам дури и како чин на предавство на личната доверба што ја имав во него овие речиси 5 години, откако му ја дадов таа чест да биде министер во хрватската влада, - Андреј Пленковиќ – Премиер на Хрватска.
Опозициските партии во хрватскиот сабор пак, побараа проширување на истрагата и да се утврди дали имало недостатоци и коруптивн зделки и за време на пандемијата.
-Јас не би сакал сега некого да обвинам, но ако е тоа вистина, тоа е навистина недозволиво и не можам да верувам дека такво нешто може да се случи,- - Гордан Јандроковиќ – Претседател на хрватскиот сабор.
-Ако тие успеале на микроскопи да го направат ова, замислете само што се случувале на милијардите, - Божо Петров – Движење „МОСТ“.
-Очигледно има доволно докази дека станува збор за тешки коруптивни дејствија и тука едноставно нема расправа. - Маријан Павличек – Пратеник „Хрватски суверенитет“.
-Повторно целата оваа ситуација ја покренува и води канцеларијата на Европското обвинителство, што покажува дека државното јавно обвинителство зад нив доцни и прашање е дали овој предмет ако не станеше предмет на Европското обвинителство, дали до него воопшто ќе дојдеше. Саша Џујиќ – СДП.
Вили Берош инаку, на функцијата министер за здравство беше именуван во јануари 2020 година, непосредно пред почетокот на пандемијата со Ковид и го замени претходниот министер Милан Кујунџиќ кој пак, беше разреше поради афера со непријавен имот.