Без организиран дочек на Нова година во Нови Сад

15.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Без организиран дочек на Нова година во Нови Сад

Според соопштението од Градската управа, одлуката ја донел градоначалникот Милан Ѓуриќ. Тој изјави дека, од почит кон жртвите и сочувство со нивните семејства, градот се откажува од големите прослави, нагласувајќи дека солидарноста и заедништвото се најважни во овие тешки моменти.

„Градот ќе направи сè за да им помогне на семејствата на загинатите и повредените, обезбедувајќи им целосна поддршка и помош. Одговорните за овој трагичен настан ќе сносат целосна кривична одговорност согласно законите“, истакна Ѓуриќ. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата