Црногорско МНР: Немало дипломатски разговори за можноста за прифаќање мигранти од САД

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црногорско МНР: Немало дипломатски разговори за можноста за прифаќање мигранти од САД

„Досега немаше комуникација со САД за тоа прашање“, изјави за „Вијести“ одделот на чело со Ервин Ибрахимовиќ, во врска со тврдењето на американскиот „Блумберг“ дека администрацијата на Трамп се обидува да ги убеди земјите од Западен Балкан да прифатат мигранти чиј престој во САД е укинат.

Врз основа на одговорот од Министерството, кој го објавува подгоричкиот весник, официјална Подгорица не го објавува својот став за можноста за прифаќање граѓани на трети земји од САД.

Владата е прецизна во однос на црногорските граѓани кои немаат регулиран престој во САД и кои, како што велат, „секогаш“ можат да се вратат во Црна Гора. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата