На атинскиот аеродром слета израелскиот владин авион

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На атинскиот аеродром слета израелскиот владин авион

Израелскиот владин авион „Крило на Цион“ (Wing of Zion) што го користат премиерот и претседателот на Израел слетал во Атина и се наоѓа на атинскиот меѓународен аеродром, а според информациите во Грција, во него се превезувал  израелскиот амбасадор, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, поради затворениот аеродром во Тел Авив, со специјален лет израелскиот амбасадор, кој се наоѓал во Тел Авив бил пренесен во Атина, а во авионот тој бил единствениот патник.

Според сајтот за следење на летови „Флајрадар24“ (Flightradar24) израелскиот владин авион во 11.19 часот полетал од Тел Авив, а во Атина слетал во 13.09 часот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата